Дабл-дабл на Антиќ за четврта победа по ред на Атланта

Уште едно солидно издание на Перо Антиќ за четврта победа во серија на Атланта Хокс. Со „дабл дабл" учинок на Антиќ, Атланта ја победи екипата на Шарлот со 97:93.

Втор пат во НБА кариерата на Антиќ, македонскиот претставник во најквалитетното светско кошаркарско натпреварување забележува „дабл-дабл" учинок, а Атланта Хокс за прв пат оваа сезона врзаа серија од четири победи.

За скоро 27 и пол минути на паркетот против Шарлот, Антиќ имаше 11 поени и 10 скокови, а имаше и 2 асистенции и 1 украдена топка.

Атланта ја совлада екипата на Шарлот и по 65 одиграни натпревари има скор од 30 победи и 35 порази.

Најефикасен кај Атланта беше Милсеп со 28 поени, а во поразениот тим се истакна Вокер со 20 поени.

Во среда во 00:30 по наше време, Атланта ја пречекува екипата на Торонто Репоторс.

18 март 2014 - 08:31