Атланта и Јута одиграа маратонски натпревар

Атланта ја победи Јута со 139:133 на натпревар кој беше решен по дури четири продолженија.

За прв пат по скоро 15 години, поточно по победата на Феникс над Портланд од 140:139 на 14 ноември 1997, повторно на еден натпревар од НБА лигата мораа да се одиграат 68 минути.

На натпреварот помеѓу Атланта и Јута беа постигнати 272 поени, а на крајот по четири продолженија домаќините славеа со 139:133.

Одлучувачки беа поените на најдобриот поединец на натпреварот, Џо Џонсон (37 поени и 8 скокови). Во екипата на Јута најефикасен беше Ал Џеферсон со 28 поени и 17 скокови.

Ова е деветти натпревар во НБА лигата на кој се играле четири продолженија. Во историјата на НБА се забележани и два натпревари со пет продолженија, како и еден натпревар кој бил решен по шест продолженија од по пет минути. Тоа е натпреварот помеѓу Инидианаполис Олимпијанс и Рочестер Ројалс кој се одиграл во далечната 1951 година.

26 март 2012 - 10:34