Атланта и Антиќ на чекор до втората рунда

Кошаркарите на Атланта Хокс успеаа да слават уште една победа на теренот на Индијана Пејсерс и поведоа со 3:2 во плејоф серијата на НБА лигата.

Само уште една победа од последните два натпревари ги дели кошаркарите на Атланта до пласман во втората плејоф рунда откако ноќеска славеа во Индијанаполис со 97:107.

„Јастребите" уште еднаш изненадија на теренот на првопласираната екипа на Истокот и во еден момент од првото полувреме водеа со дури 25 поени разлика. Во второто полувреме Хокси продолжија да го зголемуваат водството (+30), ја контролираат играта на паркетот и постигнаа уште 41 поен за трета победа во плејоф серијата.

Антиќ одигра 20 минути и постигна само 1 поен (1/2 за 1п, 0/2 за 2п и 0/1 за 3п), а оствари уште 2 скока и 1 асистенција.

Најрасположени кај Атланта беа Шелвин Мек со 20 и Пол Милсеп со 18 поени, а кај Индијана се истакна Пол Џорџ со 26 поени и 12 скока.

Следниот натпревар на кој Атланта може да обезбеди пласман во втората рунда се игра на нивниот терен во петок наутро во 01:00 часо по наше време.

Мајами веќе обезбеди втора рунда со победата на гостувањето кај Шарлот од 98:109, а Сан Атнонио славеше кај Далас со 89:93 и израмни на 2:2.