Атланта го освои Тексас, шампионот немоќен против Далас

Хокси во извонредна форма ја привршуваат 2014 година и на последните 13 меча имаат само еден пораз. Спарси губат четврти пад по ред, а Портланд го декласираше Њу Орлеанс со 26 поени разлика.

Кошаркарите на Атланта Хокс со серијата од 7:0 во последните две минути стигнаа до триумф над Хјустон од 104:97. Најдобар поединец на паркетот беше Кајл Корвер со 22 поени. Перо Антиќ ја заврши средбата со 7 поени и два скока.

Цепелинот на Хјустон

Без Данкан, Џинобили, Паркер, Грин и Сплитер, актуелниот шампион тешко се носеше со тимот на Далас. Извонредна вечер имаше Монта Елис кој реализираше 38 поени, а во дресот на Далас одлично деби имаше Ражон Рондо кој оствари учинок од 6 поени, 9 асистенции и 7 скока.

Завршницата на Клиперси

Цепелинот на Портланд

РЕЗУЛТАТИ:

Хјустон - Атланта 97:104
Шарлот – Јута 104-86
Њу Орлеанс – Портланд 88-114
Далас – Сан Антонио 99-93
Денвер – Индијана 76-73
ЛА Клиперс – Милвоки 106-102

21 декември 2014 - 14:13