Антиќ забиваше, Атланта ја одбрани Џорџија

Кошаркарите на Сан Антонио предводени од Тим Данкан стигнаа до израмнување во серијата против Хјустон Рокитс. Перо Антиќ постигна 8 поени за Хокси во тешкиот триумф против Бруклин Нетс 96-91.

Бруклин Нетс скапо ја продаде кожата во вториот натпревар од серијата против Атланта. Иако на стартот имаа заостаток од 12 поени, Дерон Вилијамс имаше шут за израмнување на 10 секунди пред крајот.

Мечот го одбележи враќањето на Пол Милсап, кој со 19 поени го одлучи победникот. Ал Хорфорд уфрли 14 поени, 13 скокови и 7 асистенции а Кајл Корвер го заврши мечот со 17 поени, 3 скока и 4 асистенции.

Антиќ одново запиша 8 поени, а имаше и 2 скока. Кај Нетси, Џарет Џек беше најефикасен со 23 поени, а три помалку забележа Брук Лопез. После три месеци во тимот на Бруклин се врати Мирза Телетовиќ, кој имаше сериозни проблеми со градите.

Антиќ со атрактивно забивање го искали бесот:

Хајлајтс од мечот:

Сите поени на Кајл Корвер:

По драмата на Пацификот, Сан Антонио стигна до брејк. Спарси го победија ЛА Клиперс 107:111 дури после продолженијата, иако испуштија 10 поени разлика во второто полувреме. 

Тим Данкан беше најефикасен со 28 поен. Милс уфрли 18, а Борис Дијао 12. На другата страна, Блејк Грифин го оствари првиот трипл-дабл во плејоф кариерата со 29 поени, 12 скокови и дури 11 асистенции. Серијата се сели во Тексас, а следниот дуел е веќе утре.
 
Блејк Грифин го измрда Дијао пред да забие во негов стил:
 
Дуелите на Данкан и Грифин:
 
Цепелинот на Крафорд и Грифин:
 
РЕЗУЛТАТИ:

Атланта - Бруклин 96:91 (2-0)
Мемфис - Портланд 97:82 (2-0)
ЛА Клиперс - Сан Антонио 107:111 пп (1-1)

23 април 2015 - 09:24