Антиќ: Некои медиуми имаат омраза спрема мене

Перо Антиќ го одигра и вториот натпревар по апсењето во Њујорк, а по средбата со Вашингтон во изјава за Гласот на Америка ги искритикува македонските медиуми за кои смета дека не известувале точно за инцидентот.

Откако излезе од притвор Антиќ за американските медиуми ја отфрли вината и не го коментираше приведување пред ноќниот клуб заедно со колегата Табо Сефолоша. Детали кажа во тв прилогот за Гласот на Америка.

Атланта денеска загуби на гостувањето во Вашингтон и сега има скор од 60 победи и 20 порази. Мајк Баденхолцер реши да ги одмори играчите од првата петорка кои се чуваат за плеј-офот, а македонскиот интернационалец постигна 8 поени. 

13 април 2015 - 22:43