Антиќ ќе игра во полуфиналето на Истокот

Кошаркарите на Атланта Хокс славеа висока победа од 87:111 на шестиот плејоф натпревар против Бруклин. Со вкупни 4:2 Хокси обезбедија пласман во полуфиналето на Источната конференција каде ќе се сретнат против Вашингтон.

Најдобар стрелец на паркетот беше Пол Милсап со 25 поени.

Кајл Корвер запиша 20 поени од кои шест тројки.

Перо Антиќ одигра 10 минути, но не учествуваше со поени во елиминацијата на Нетси.

Топ 5 потези на мечот.

2 мај 2015 - 09:43