Амбиентот на Партизан - Реал Мадрид

Европскиот шампион Реал Мадрид уште еднаш ја потврди својата класа откако синоќа во Белград ја запиша 24. победа во Евролигата. „Кралевите“ славеа 76:88 против Партизан и го потврдија и теоретски првото место на табелата. Црно-белите ги чека жустра борба за место кое води во плеј-ин разигрувањето.

Најефикасен играч беше Марио Хезоња од Реал кој постигна 25 поени и кој со голем аплауз и овации беше испратен од белградската публика. Покрај него двоцифрени беа уште и Габриел Дек со 13 поени и пет скока, Фабијан Коузие со 10 поени, Јабуселе со 10 поени, седум скока и три асистенции. 

Кај Партизан двоцифрени беа Франк Камински со 19 поени, Џејмс Нанели и Кевин Пантер со по 16 поени и Алекса Аврамовиќ со 10 поени.

Standings provided by Sofascore
22 март 2024 - 13:31