Хоакин - ветеранот кој на 37 години реши големо градско дерби

Роден во 1981 година. Има 37. Додека речиси цела негова генерација фудбалери се повлечени, тој уште игра и дава голови во својот Бетис.

Минатиот викенд, во неделата се одигра големото градско дерби Бетис - Севиља. Во 75’ минута од мечот ветеранот Хоакин влегува во игра во неговата 19’ сезона во кариерата, во зелено-белиот дрес каде и почнал.

Влегува на терен на една нималку наивна средба, во дерби меѓу жестоко омразени ривали. После само 5’ минути дава гол и на своите навивачи им носи радост на која чекаат цели 12 години!

Толку време Бетис не ја победил Севиља на домашен терен. И кој друг би ја прекинал оваа негативна серија ако не тој - Хоакин Санчез Родригез во 2000-те најголем талент на шпанскиот фудбал, а денес сакан ветеран и идол на многу млади во Андалузија.

***

За тоа како се врати дома меѓу своите.

4 септември 2018 - 15:07