Животот на детето кое прво истрча до авионот на Шапекоенсе

Јохан Алексис Рамирез од Колумбија на само 15 години им се придружи на спасувачките екипи кои бараа живи луѓе во трагичната авионска несреќа во близина на Меделин. Сега го сметаат за херој во Колумбија каде го носи прекарот el Niño Ángel (златното дете).

Храброто момче кое живее во близина на местото каде што се урна авионот на Шапекоенсе, прв се најде на лице место на оној црн 28 ноември минатата година во очи на финалето на Копа Судамерикана.

Од вкупно 77 патници во авионската несреќа загинаа 71 патник, а тој беше еден од оние кои помагаа да се спасат преживеаните и затоа во Колумбија го нарекоа „златно дете“.

Владата на Бразил за храброста реши да го одликува со орден, а градоначалникот на Меделин, Федерико Гутиерез, викендов отпатува со него во Мадрид на мечот Реал – Еспаљол.

На малиот Јохан му се оствари сонот откако стапна во тренинг центарот на Реал Мадрид и се сликаше со сите ѕвезди на Европскиот првак почнувајќи од тренерот Зинедин Зидан. Таму се најде и со својот сонародник Хамез Родригез кој му подари дрес со потпис.

„Хамес ги претставува сите Колумбијци. Овој дрес е многу убав подарок за мене кој ќе го чувам доживотно. Тоа што сум тука меѓу сите овие луѓе за мене претставува многу возбудлив момент“, рече Рамирез.

„Јохан стана симбол за позитивно и добро лидерство. Тој не помогна за да биде херој, туку со намера да спаси некој живот, затоа ваквите дела вреди да се наградат“, изјави градоначалникот на Меделин.

Инаку Јохан живеел во шупа заедно со татко му, па група на волонтери со помош на хуманитарна организација му изградија нова куќа, двојно поголема од старата и тоа во боите на Шапекоенсе.

Неговата стара куќа

Новата

Одликувањето на Јохан

Од патувањето во Мадрид

21 февруари 2017 - 13:03