Жестока преписка меѓу Касано и Мурињо

Палавиот Антонио Касано во Јутјуб подкаст кај Бобо Виери фати да се закача со Мурињо. Не само што доби аргументиран одговор, туку и реметење.

Касано кој ќе остане запаметен во Италија како голем талент, кој не направи голема кариера поради карактерот, како поранешен напаѓач на Рома ги споредуваше тренерите на двете екипи од Рим.

За Мурињо зборуваше во негов стил, без да внимава на речникот.

„Тренерот на Лацио го сака фудбалот и својата професија, додека другиов не го боли к.р за фудбал. Победува, менува клубови и е паметен, никој не го ангажира како да е некој битен. Ако не одеше во големи екипи кои победуваат, немаше да биде трофеен. Сари игра прекрасен фудбал, а неговиот е нула. Мурињо е само театар, денес за мене е тренер кој исто е дали го тренира Реал Мадрид или Сан Мартинезе“.

Жозе му одговори на прес конференција. Најкратко кажано, го утепа.

„Антонио играше во три екипи кои ги имам тренирано: Рома, Интер и Реал Мадрид. Во Реал Мадрид го паметат по јакната со која се појави првиот ден. Во Рома мислам дека освои еден Супер Куп на кој не ни играше. Играа другите кои се добри. Во Интер мислам дека не го освои ни Купот на Ломбардија. Во истите три клубови јас освоив трофеи“.

Инаку Касано има освоено 4 трофеи во кариерата која ја заврши неславно во Верона во 2017-та за која не настаи ниту еднаш, освен на две пријателски за време на летните подготовки.

Мурињо пак има освоено 26 трофеи.

11 април 2023 - 14:47