За среќа малку треба, знае еден дедо навивач на Тотенхем

Фина сторија стигнува од Англија, каде секоја година за празниците се ужива во фудбал, пиво, дружба, голови и забава. И еден постар, изнемоштен човек се израдува што после долги години доаѓа да го види својот клуб кој му спремил изненадување.

Пред мечот Тотенхем - Брајтон, еден навивач на Спарс, Рој Конели, на Твитер раскажал кратка тажна историја:

„Татко ми е причината поради која навивам за Тотенхем. Тој ме однесе на стадион кога имав 6 години. Пред 16 години тој се пензионираше и отиде на село. И уште не бил на новиот стадион, задутре го носам. Веројатно, овој меч ќе му биде и единствен, зошто дознав дека му дијагностицираа рак во терминален стадиум. Се надевам дека дечките ќе му подарат победа“.

Навивачите на Тотенхем активно го споделувале овој твит со цел да стигне до официјалниот клупски профил.

Твитот стигнал и до две големи ѕвезди на Тотенхем од ’80-те години - Грем Робертс и Мики Хазард, омилени играчи на дедо Конели. Овие двајца исто на Твитер го прашале Рој каде ќе седат со татко му, за да дојдат да го поздрават и да се сликаат со него.

Робертс (лево на фотографијата) и Хазард (десно на фото) се многу познати играчи на Тотенхем од ’80-те години, најуспешен период во клупската историја, време кога Лондонци два пати по ред стигнувале до финалето на Купот на Англија и кога освоиле Куп на УЕФА (1984-та).

На крај и денешниот состав со победа после пресврт го израдува стариот Рој.

„Силата на социјалните мрежи е просто неверојатна. Твитот кој го објавив вчера, стигна до таму на татко ми да му подарам блескав ден. Големо фала на двете легенди Грем Робертс и Мики Хазард за тоа што му го направија дено, и на Кејн и Деле за победата“, напишал Рој после мечот.

27 декември 2019 - 13:19