Врзете се - најбогатиот Кинез прави голем фудбалски клуб

„Да не беше војската, денес немаше да бидам упорен, настојчив и отпорен на стрес“, вели најбогатиот Кинез Ванг Цијанлин којшто пред неколку дена ги купи Нико Гаитан и Јаник-Фереира Караско од Атлетико Мадрид каде имаше акции.

Кинескиот фудбал повторно предизвикува земјотреси: новиот суперлигаш во тамошната лига, Далијан Јифанг ги потпиша Нико Гаитан и Јаник Фереира-Караско од Атлетико Мадрид за 48 милиони евра! Уште околу 38 милиони евра клубот дал на кинеската фудбалска федерација како данок на скапи трансфери. 

Караско има само 24 години и важи за еден од најдобрите играчи на суперталентираната белгиска генерација која што скромната репрезентација ја претвори во моќна фудбалска сила.

Диего Симеоне го донесе Јаник Караско од Монако во 2015 година како замена за Арда Туран кој замина во Барселона. „Јорганџиите“ за Белгиецот платиле 30 милиони евра и кога во есента 2016-та Јаник-Фереира постигна шест гола на четири меча, Симеоне изјави: „Многу сум среќен за Караско. Тој на теренот може се и го чека прекрасна иднина. Со тек на време ќе стане уште појак“. Во 2015-та Белгиецот не само што премина во Мадрид туку и дебитираше за репрезентацијата, а потоа со Белгија се пласираше на Европското во Франција каде го постигна и првиот гол за својата земја - против Унгарците во осминафинале.

Но сезонава целосен пресврт и сè тргнало наопаку: Караско постојано се карал со Симеоне, тренерот не можел да го истрпи и на крајот кажал дека Белгиецот воопшто не сакал да игра на десно крило зошто така добивал помалку шанса (17 меча, 3 гола и 4 асистенции).

За трансферот на Јаник во Кина, Симеоне лично се согласил.

Ако 30-годишниот Гаитан отидеше посебно од Караско, неговиот трансфер немаше да помине толку гласно. И покрај тоа што Диего Симеоне лично ја наговарал ѕвездата на Бенфика да прејде кај него во Атлетико, Николас во Шпанија не заигра како треба. За 2,5 сезони настапи на помалку од 30 меча и во клубот не биле задоволни од него: „Ако Гаитан сака да си оди, ние ќе му најдеме замена“, отворено се произнел Чоло Симеоне на 27. јануари.

ТРАНСФЕРОТ Е ЧУДЕН ЗОШТО ГО ВОДЕЛА КИНЕСКА КОМПАНИЈА КОЈА ИМАШЕ АКЦИИ ВО АТЛЕТИКО

„Мене ме привлече проектот на Wanda Group. Кинеското првенство брзо се развива, условите за работа се одлични, инфраструктурата е современа. Проектот и понудата од клубот беа искрен знак на почит и уважување, јас сега ги имам сите шанси за развој“, рекол Караско после преминот во клубот Далијан Јифанг.

Инаку кинеските клубови имаат се повеќе потешкотии да трошат големи пари за трансфер затоа што правниот систем на Кина будно ги следи инвестициите кои локалните бизнисмени ги прават надвор од границите за да видат дали тоа ќе влијае на непрофитабилни расходи.

Сето тоа зошто во бизнисот на најбогатиот Кинез, магнатот Ванг Цианлин имало проблеми со долгови па корпорацијата продавала хотели и туристички објекти.

Компанијата Wanda чијшто сопственик е Ванг Цианлин имаше 20% од акциите на Атлетико Мадрид, но пред извесно време реши да ги продаде а во меѓувреме да продолжи да ја спонзорира екипата. Новиот стадион на Атлетико се вика „Ванда Метрополитано“.

Компанијата Wanda сепак не го напуштила фудбалот во целост - решила во родната Кина да го купи клубот Далиан Јифанг од компанијата Yifang Group (инвестира во недвижнини, спорт, култура и здрава храна).

Весникот South China Morning Post ја опишуваа ова зделка како ортачка и објаснва дека фактички Wanda уште нема целосна управа над клубот, а менаџерите на Yifang Group едноставно извршуваат наредби. Целосна власт над клубот, Wanda ќе стекне во 2019-та година кога клубот ќе го смени и името и ќе се вика Далијан Ванда.

Клуб со такво име веќе настапувал во Кина, кога во 1990-те години со него владеел истиот газда, најбогатиот Кинез Ванг Џијанлин. Од 1994-та до 1998-ма година екипата четири пати ја освојувала титулата во Џиа Лигата (така се вика фудбалското првенство на Кина), а во 2000-та Wanda ги продала акциите и правата над клубот на компанијата Shide Group па клубот се викал Далиан Шиде. Една од причините на зделката наводно била лутината на Џијанлин поради неправедно судење. Во 2012-та Далиан Шиде се расформирал.

Wanda во кинескиот фудбал се вратила во 2011-та кога станала генерален спонзор на лигата. Во 2014-та компанијата на гигантот Џијанлин продолжила да учествува во развојот на детскиот и младински фудбал во Кина и помагала млади играчи да одат на обука во Европа.

Ван Цијанлин - најбогатиот Кинез кој мечтае за славна фудбалска Кина

Во 2015-та година богатството на Цијанлин се проценувало на 28,5 милијарди долари а во меѓувреме тој го основал и интернет-гигантот Alibaba. Според Forbes богатството на Цијанлин се проценува на 31,5 милијарди долари.

- Цијанлин 17 години служел војска, многу сакал да стане генерал но на 32 години го демобилизирале (во 1995-та година Кина отпуштила 1 милион војници).

„Девизата се смени од ’Спремни за војна во секоја секунда’ во ’Спремни за економија’. Мене ми беше кристално јасно на каде се движиме“, раскажувал бизнисменот. Така набрзо Цијанлин станал општински чиновник во градот Далијан.

- После две години тој водел државна градежна компанија Xigang чијшто долг преминувал 6 милиони јуани.

„Судот изгуби трпение и соопшти дека тој што сака да ја спаси компанијата, ќе му ја подарат. Помислив дека можам да земам кредит и земјиште и дека тоа е реално“, се сеќава Ванг. Скоро неговата корпорација ги покрила сите долгови и стигнала до првиот плус од 10 милиони јуани.

The Economist објаснил дека оваа компанија била популарна меѓу средната класа зшто во становите им правел тоалети кој претходно биле достапни само на елитните жители.

- Во 1992. година Ванг, како што соопштил Судот во Кина станал апсолутен сопственик на компанијата. После ребрендингот се појавила Wanda Group:

„Ние потрошивме 2.000 јуани за распишан конкурс во весник. Околу 200 луѓе ни пратија свои варијанти за име и лого. Се собравме околу идеите и ги прашавме авторите да ни објаснат што имале на ум. Зошто сина боја? Затоа што Wanda е родена во море (Далијан е крајбрежен град). Зошто круг на логото? Дизајнерот кажа дека тоа го означува влезот на меѓународен пазар. Нам ни се допадна идејата“, вели Цијанлин.

- Во 2000-та Wanda го реализирале првиот договор во сферата на недвижностите - центарот Wanda Plaza кои денес во Кина се 130 на број. Располагаат со бутици, хотели, апартмани и разни комплекси. Јавноста постојано се воодушевува на брзите градби на Wanda Plaza (ги креваат за помалку од 18 месеци) и го фали Цијанлин.

- Во 2012-та Wanda ја направила можеби клучната зделка кога за 2,6 милијарди долари го купила вториот по големина сет кино-театри во САД, AMC Entertainment Holdings. А во 2016-та за 3,5 милијарди долари ја купила и кинокомпанијата Legendary Entertainment која што е сопственик на франшизите Бетмен, Годзила и Јура.

- Во 2011-та година Ванг донирал 1,28 милијарди кинески јуани во хуманитарни цели (околу 197 милиони долари) и го зазел првото место на листата на Forbes за најголеми „Кинески филантропи“.

- Ванг смета дека за успехот во бизнисот и благодари на армијата: „Да не беше војската јас немаше да бидам толку упорен, отпорен на стрес и така решителен“, рекол Цијанлин.

BRICS Buisness Magazine пишувал дека Цијанлин се држи строго до здрав живот: не пуши, не пие, легнува во 23 часот, но не се занимава со спорт.

- Неколку месеци откако Ванг купил акции во Атлетико Мадрид за 1,2 милијарди долари, тој ја ангажирал фирмата за спортски маркетинг Infront Sports & Media од Швајцарија. Оваа фирма ја води синот на поранешниот претседател на ФИФА, Филип Блатер.

ДАЛИЈАН ЈИФАНГ

Нико Гаитан и Јаник Караско се постари од својот нов клуб. Тој е основан во 2009-та година кога се викал Далијан Аербин. За три години екипата се промовирала од втрата лига во суперлигата и два пати по ред завршувала на 5. место.

Името кое го носат и денес, Далијан Јифанг го добиле во 2014-та.

Во 2012-та овој клуб го купил 32-годишниот Сејду Кеита од Барселона за 14 милиони евра а потоа потпишале и Фабио Рошембак и Гијом Оро од ПСЖ. Веќе во 2016-та овој кинески клуб го купил играчот на ЦСКА Москва Секу Олисе но тој одиграл само 10 меча и заминал

Тимот го водел Шпанецот Хуан Рамон Лопез Каро. Навивачите на Реал Мадрид го памтат него по работата во структурата на „кралскиот клуб“ а во 2005-та дури и бил в.д. тренер по оставката на Вандерлеј Лушембурго. Денес Јифанг го тренира Кинезот Ма Лин. Освен Гаитан и Караско во екипата е и 34-годишниот Жозе Фонте кој го купиле од Вест Хем за 4,4 милиони.

Кога Ванг Цијанлин почнува некој проект, финансиите се помалку важни, а моралниот однос носи резултати и развој. Затоа Јифанг уште не се расфрла со пари по европските клубови.