Врвна лудост на италијански стопер со автогол и хет-трик и тоа на деби

Таман помисливме завршија сите драми во репрезентативниот фудбал и ете ти уште една од пријателски натпревар за играчи до 21 година меѓу Италија и Романија кој заврши 4:2.

Натпреварот мина во сенка на мундијалските квалификации бидејќи европскиот првак разочара на гостувањето во Северна Ирска, па сега повторно како пред четири години треба да брка Светско преку бараж, а тогаш не го обезбеди.

Еден ден подоцна пријателски меч играа младите на Италија против Романија, меч кој помина тивко, а се случи еден уникатен момент кој не смее да не се одележи.

Авторот на лудоријата е Симоне Канестрели, член на Емполи кој игра како позајмен играч во второлигашот Кротоне.

21 годишниот фудбалер кој игра во одбрана, синоќа дебитираше против Романија како никој друг. Во прво полувреме си постигна автогол, а во второ оствари хет-трик. 

Какво е ова деби? И уште нешто многу јако. Хет-трикот го оствари за 10 минути и сите три гола ги постигна со глава во 61`, 68` и 71` минута.

Канестрели е стопер кој кога дава голови, дава саглам. За Кротоне има постигнато 2 и тоа двата на ист натпревар, а вкупно во кариерата има постигнато 8.

„Ова беше неочекувано деби, не си го замислував вака“, изјави по мечот.

Прашањето е: Кој воопшто би очекувал вакво нешто па уште и на стопер.

17 ноември 2021 - 14:24