Викенд на голмански киксеви

Во последно време зачестија голманските гафови. Минатата недела двајца прогласивме за офсајд ликови, а викендов уште неколку од нив посебно се истакнаа, па слободно можеме на сајтов да отвориме и посебна категорија за голмани.

Барселона, дали сè уште сте сигурни дека го сакате Марк-Андре Теш Штеген? Идниот голман на Барселона кој во во моментов ја чува мрежата на Борусија Менхенгладбах, му подари бод на фенерџијата Ајнтрахт Брауншвајг:

На спротивната страна не се прослави ни неговиот колега Даниел Давари:

Хрватскиот голман Матеј Делач од Челси кој е позајмен во ФК Сарајево, имаше очајно лошо деби во босанското првенство. Неговиот тим загуби на гостувањето кај Челик и тоа заради оваа грешка:

Лош викенд имаше и голманот на Наполи, Пепе Реина која самиот се матираше на гостувањето кај Ливерно по што неговиот тим одигра само 1:1

Автогол си постигна и голманот на Спортинг Лисабон, Руи Патрисио но за среќа неговиот тим направи пресврт против Брага и на крајот победи со 2:1

3 март 2014 - 09:06