Ве поздрави Модриќ со пасов

На Лука Модриќ изгледа му е погрешен датумот на раѓање. Нема шанси дечково да има 37 години. Има рекордни 164 настапи за Хрватска, четири Мундијали, четири Европски првенства и не се дава. По ремито дома со Велс од кој примија гол во 93-та, Хрватите веднаш се кренаа и ја совладаа Турција на гости со 0:2. Ковачиќ беше двоен стрелец, а најзаслужен за вториот гол е дефинитивно Модриќ со оваа интелигенција од потег.

И Турците му аплаудираа кога го извадија од игра 

29 март 2023 - 08:54