Васил Рингов се расплака за ФК Вардар

„Вардар беше репрезентацијата на Македонија, локомотива на македонскиот фудбал. Ова како намерно да е. Ми е страв дека ќе го снема“, вели емотивно струмичанецот за скопски Вардар.

Рингов е една од најголемите легенди на Вардар, кој покрај тоа што играше за Партизан, Динамо Загреб, Ајнтрахт Брауншвајг, дресот на македонскиот бренд го носеше во три наврати. Има преку 200 настапи и 93 гола, а беше дел и од шампионската генерација 1986/1987 заедно со Панчев.

10 јуни 2021 - 08:47