Усеин Болт од Борусија Дортмунд

Кога Пјер-Емерик Обамејанг пред две години потпиша за Милионерите, за време на подготовките истрча 30 метри за 3,7 секунди. Тоа време е за скоро 0,1 секунда побрзо од времето со кое Усеин Болт ги истрча првите 30 метри за време на трката во Берлин кога во 2009-та година го сруши рекордот на 100 метри.

Со брзината на репрезентативецот на Габон викендов се соочи голманот на Аугзбург кој прими три гола од него.

„Пјер е еден од најбрзите фудбалери кои некогаш играле во Германија", изјави спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Зорк.

Обамејанг потекнува од младинската школа на Милан, а по позајмиците во Дижон, Лил и Монако, во 2011-та година се пресели во Сент Етјен каде импресионираше и направи трансфер во Борусија Дортмунд за 3,1 милиони евра.

26 октомври 2015 - 16:29