Туку што беше со парадиве на Тер Штеген

По разни перипетии, шпанската Ла Лига го организираше Фајнал Форот на Супер Купот, со тоа што лани премиерното издание се играше во Саудиска Арабија а годинава дома. Во првото полуфинале Барселона на пенали го победи Реал Сосиедад откако претходно благодарение на Тер Штеген мечот заврши 1:1.

Германскиот голман беше јунак и на пеналите каде ги одбрани првите два шута и беше најзаслужен што Барса помина на пенали, но она што го правеше во текот на целиот меч беше неверојатно:

Самиот меч беше многу изедначен. Барселона прва поведе, во 39' минута кога Френки Де Јонг со глава круниса една преубава акција на Барселона. Но Холанѓанецот во вториот дел направи пенал по игра со рака, а пеналот го реализираше капитенот на Сосиедад Микел Ојарзабал.

До крајот на мечот Барса, која играше без Меси, имаше шанси преку Дембеле и Гризман но и двајцата не беа прецизни. Во продолженијата Сосиедад имаше повеќе од шансите но Тер Штеген правеше чуда.

Барса славеше на пенали и во финале ќе го чека подобриот од дуелот Атлетик Билбао - Реал Мадрид.

14 јануари 2021 - 10:53