Три години без Роберт Енке

На денешен ден пред три години светот беше шокориан од веста за самоубиството на Роберт Енке. Репрезентативниот голман на Германија си го одзеде животот по долгата депресија заради смртта на двегодишната ќерка.

Енке беше роден во 1977-та година, а кариерата ја започна во локалниот клуб од неговиот роден град, Јена. Во својата кариера бранеше на голот на Борусија Менхенгладбах, Бенфика, Барселона, Фенербахче и Тенерифе, а врвот го достигна во Хановер каде бранеше од 2004-та година.

Долго време беше капитен на Хановер и член на репрезентацијат на Германија, а селекторот Лев го планираше и за составот за Светското првенство во Јужна Африка.

Но тој црн 10 ноември 2009-та година Енке ја загуби долгата внатрешна битка со депресијата. Роберт Енке неколку години пател од депресија по смртта на неговата двегодишна ќерка во 2006-та година и на денешен ден пред три години тој си го одзеде животот фрлајќи се под воз во близината на Хановер.

10 ноември 2012 - 20:56