Таг: самоубиства

„Море од дрвја“ - приказната за шумата на самоубијците во Јапонија

Северозападно од планината Фуџи се наоѓа Аокигахара, шума која е толку густа што е позната како „море од дрвја“. Голем број посетители го бираат ова место како нивна последна дестинација. Тука се одвива и дејството на истоимениот филм со Метју Мекконахи, во режија на Гас Ван Сант.

Самоубиството како грев во средовековна Европа

Пандемиската изолација, страв и несигурност причинуваат пораст на самоубиствата во светот. Денес размислуваме за него како за психолошки проблем, но тој е истовремено бил, и сè уште е и религиски.

Психологија на фанатизмот: бранот самоубиствата во Германија во 1945

Нова книга го истражува феноменот на масовно одземање на сопствениот живот, кој ја зафатил Германија тогаш кога станало јасно дека таа ќе ја загуби Втората светска војна.

19 Индијци се самоубија заради паднат испит

Билансот на мртви е од средината до крајот на април, а според родителите проблемот е во компјутерската програма која погрешно ги протолкувала и оценила тестовите.

Околу новогодишните празници и самоубиствата

Општо раширеното мислење е дека стапката на самоубиства има скок за време на новогодишните празници, затоа што сите се под стрес по најразлични основи. Излезе дека ова не само што не е точно, туку реалноста е спротивна.

Шведската маса не ја даваме!

53-годишен маж се самоубива пред казино ресорт во Лас Вегас. Од сите мотиви што можете да ги помислите бунт против коцкарските корпорации, коцкарски долгови што не можат да бидат вратени, незапирлива зависност од коцкање, ниту една не е ни приближна до проблемите на човекот.

Единствениот вистински филозофски проблем

Кога ќе се спомне самоубиство, првата помисла е физичко, насилно одземање на сопствениот живот. Но има и друг, подеднакво страшен вид сопствено обезживотување - кога живееш механички, доживувајќи го светот само како сценографија. 

Поезијата на кинеските самоубијци

Во неколку неодамнешни самоубиства во Кина, жртвите зад себе наместо проштално писмо оставаа поеми за збогување. Не текстот од омилената песна, туку поеми што сами ги напишале.

Чија глад задоволува невкусната медиумска храна

Како и во случајот со грозоморното убиство на младата Тијана, самоубиството на Робин Вилијамс е одлична прилика медиумите да заебат работа.

Трагичниот лик на комичарот

Случајот на самоубиство поради депресија, што во моментов се наведува како најверојатна причина за смртта на славниот актер, е повод да се потсетиме на старата вистина - дека исцртаната насмевка на лицето на кловнот, всушност ја крие неговата тага.

Самоубиство во Кина поради загуба во кладилница

Изненадувачките резултати на Мундијалот во Бразил му ги расипаа сметките во кладилница на студент, кој реши да се самоубие.

„Продавница за самоубиства" (2012)

Цртан филм кој ќе ве разведри со својот мрачен хумор. Не, стварно.

Кога нема кофа

3-годишна истрага на Скотланд Јард заклучува дека агентот на МИ6, Герет Вилијамс, се самоубил затворајќи се сам во пластична торба.

Модни фотографии инспирирани од самоубиства

„Вајс“, месечник од областа на уметноста, е често е обвинуван за промовирање конзервативни, расистички и сексистички ставови. Но неговиот последен моден едиторијал предизвика најголеми реакции до сега.

Клетвата на Хемингвееви

Да си потомок на познат автор и да го носиш неговото презиме сигурно некогаш во животот се исплати. Но генетското наследство понекогаш знае да биде и товар. Мериел Хемингвеј, внуката на Ернест, раскажува за ова во документарец кој е дел од овогодинешната програма на Санденс.

Годишнина од самоубиството на Гери Спид

На денешен ден пред една година во неговиот дом беше пронајдено безживотното тело на Гери Спид. Тогашниот селектор на фудбалската репрезентација на Велс си го одзеде животот со бесење, а фудбалскиот свет веќе цела година си го поставува прашањето: „Зошто?"

Три години без Роберт Енке

На денешен ден пред три години светот беше шокориан од веста за самоубиството на Роберт Енке. Репрезентативниот голман на Германија си го одзеде животот по долгата депресија заради смртта на двегодишната ќерка.

На Фокс им се уби човек во живо

И покрај сите механизми за претпазливост што ги има на располагање, телевизијата Фокс комплетно неочекувано директно го пренесе самоубиството на еден неименуван маж.

Најдоброто од Тони Скот

Иако се уште не е јасно зошто, Тони Скот, режисерот на еден куп добри филмови меѓу кои „Глад" и „Топ ган" и брат на исто така славниот Ридли Скот, вчера, без многу да се мисли, се фрлил од мостот Винсент Томас во Лос Анџелес. Ова се трејлерите за неговите филмови кои ќе се памтат. Бонус: спотот на Џорџ Мајкл за „Уште еден обид" во негова режија.

Ново самоубиство на фудбалски местач

Челниците на ФК Работнички се обидоа да не убедат дека не е ништо страшно што сакаат да потпишат со осуден местач од Јужна Кореја, но четворица вмешани во големата афера со наместени натпревари од оваа земја веќе извршија самоубиства.

Кој е Димитрис Христулас?

Вест за самоубиство на стар човек, и тоа направено од финансиски очај, ако се развие вон рамките на ваквиот тажен факт, има тенденција да прерасне во патетична приказна за жртвата наспроти системот и за светската неправда. Од друга страна...

Минатото пусто да остане

Трагичен настан во Кина од кој може да извлечат поука сите малолетни и - уште поважно - сите 'малоумни' лица кај нас. Враќање во минатото не е изводливо и може да заврши кобно.