Играта на Сити подосадна од мачкање путер

Додека обложувачите и навивачи се нервираа што Сити како фаворит губи од ЦСКА Москва, еден навивач на англискиот клуб си нашол занимација.

Фотографијата е од вчера за време на дуелот Сити - ЦСКА Москва, кој Русите го добија со 1:2, а на нејзе е навивач на Сити.

Неговиот тим играше слабо, прими 2 гола, имаше 2 исклучени играчи, што овој навивач го искористи како шанса да стави некој залак во уста.

Манчестер Сити во моментов е последен во групата Е со 2 бода. На граѓаните им следуваат натпревари со Баерн Минхен дома и Рома на гости. Еве хајлајтс од дуелот на Етихад:

6 ноември 2014 - 12:42