Тежок голмански живот со обвинение за убиство и деби во Серија А на 33 години

Тоа што на 20 години ти се паднало да растеш покрај Толдо, Занети, Кордоба, Станковиќ и Виери, не е гаранција дека ќе успееш. Еден ден може да бидеш третолигаш, а друг ден да се гордееш што си му одбранил пенал на Милан.

Алекс Кордаз сигурно не ви звучи познато име во италијанскиот фудбал со исклучок на навивачите на Интер кои можеби се сеќаваат дека беше сенка на Франческо Толдо во сезоната 2003/2004 или поточно трет голман бидејќи како втор тогаш се водеше Алберто Фонтата.

Кариерата на Алекс е исклучителна тешка бидејќи 13 години требал да се бори за да докаже дека не е за фрлање и дека ја заслужува Серија А, а истовремено да трча по судови и да избегне затворска казна.

На неговото портфолио се ределе разни екипи од втората и третата италијанска лига како Специја, Тревизо и Читадела, а беше дел и од швајцарското првенство каде ги носеше дресовите на Лугано и Горица каде играше заедно со Лападула.

Долгата авантуристичка кариера која му се состоеше од постојано менување на клупски бои на секои една до две години се должеше на тоа што тој никогаш не ја доби вистинската шанса во Интер. Одигра само 20 минути во Куп на Италија против Јувентус кога влезе како замена за Рекоба, откако Толдо доби црвен картон и толку.

Но паралелно со кариерата имаше исклучително тешки маки во приватниот живот и сообраќајна несреќа по која му се промени животот. На 16 мај 2006-та додека беше член на третолигашот Ачиреале направи судар со камион во кој загина неговата девојка, а него во крвта му најдоа алкохол повеќе од дозволеното.

Конечната судска одлука ја слушна дури во 2013-та, а таа гласеше 4 години затвор. Алекс не ја издржа казната зад решетки, туку вршеше општествено корисни работи колку што му траеше казната.

И покрај тоа, тој успеа да се подигне и на 33 години да дебитира во Серија А со Кротоне кој инаку сезонава за прв пат во историјата се пласираше во елитното друштво. Дека не е престарен за нова страница во кариерата, докажа со два одбранети пенали по ред.

Прво му ја одбрани на Нјанг на дуелот против Милан кој се одигра на 4 декември, а потоа следното коло против Пескара, дуел на кој неговиот тим стигна до само втората победа сезоната.

Сега има тешка задача со 9 бода, исто како Пескара да брка опстанок, но првенството е на средина, а Алекс Кордаз е мотивиран и искусен како никогаш.

Вака брани Алекс

28 декември 2016 - 15:00