Тешко на Португалија со оваа статистика

Противникот на Португалците во финалето, кој и да биде, по традиција редовно бил подобар, а тоа го докажува статистиката која целосно е на нивна страна.

Германија и Португалија имаат шест соочувања на големите натпреварувања и како победници Португалците биле само еднаш, тоа е на ЕП 2000. На ЕП 1984 одиграле без голови, а на останатите четири дуели била подобра Германија. СП 2006 со 3:1, ЕП 2008 со 3:2, ЕП 2012 со 1:0 и СП 2014 со 4:0.

Во дуелите со Франција ситуацијата е следна. Франција – Португалија во последните 38 години 10:0. Тука се сметаат сите нивни соочувања. Франција победила на ЕП 1984 3:2, на ЕП 2000 2:1 и на СП 2006 1:0. Останатите седум дуели се на пријателски средби. Пред 1978-ма Германија и Португалија се сретнале 14 пати, сите пријателски. 8 победи за Германија, 5 за Португалија и едно реми.

7 јули 2016 - 13:23