Тензичното поздравување на Тухел и Конте

Челси и Тотенхем одиграа 2:2 во лондонското дерби на кое Хари Кејн го израмни резултатот во 96-та минута. Тензиите се водеа на аут линијата, а завршија со црвени картони за тренерите.

Сè почна во 68 минута кога темпераментниот Конте тргна да го слави израмнувањето накај Тухел, по што настана напнато.

Девет минути подоцна Челси се врати во водство, а Тухел трчаше како Мурињо.

Германскиот стратег не беше задоволен од поздравувањето на крај бидејќи Италијанецот не го гледал во очи, па малку фалеше да се истепаат.

Инаку деби гол за Челси постигна довчерашниот стопер на Наполи, Кулибали кој се истакна со прекрасен волеј.

Конте продолжи на социјалните мрежи, ама со мајтап, дека среќа што не го видел кога се радувал покрај неговата аут линија, инаку ќе го сопнел.

15 август 2022 - 08:45