Тен Хаг го кажа своето за Кристијано Роналдо

Кога играч ќе ти каже дека не те почитува, а ти си тренер задолжен за добра атмосфера во тимот и резултати, тогаш нема зошто повеќе да го играш, па макар бил и Свети Роналдо.

Иако полека почнува да им се отвора работа за Мундијалот, сепак англиските новинари откриваат уште вести околу случајот Кристијано Роналдо.

Ерик тен Хаг им кажал на своите претпоставени во Манчестер Јунајтед дека Роналдо никогаш повеќе не треба да заигра за нив.

ЕСПН пишува дека холандскиот стратег го поместил својот одмор поради бомбастичното интервју на Роналдо и побарал од клубот да се поздрават со 37 годишната суперѕвезда.

Тој сметал дека Роналдо отишол предалеку во критиките и одржал состанок со копретседателот Џоел Глејзер, главниот извршен директор Ричард Арнолд и спортскиот директор Џон Муртоу.

Тен Хаг им рекол дека не е подготвен да го жртвува единственото во тимот со задржување на Португалецот и спремен е да се ослободи од него во јануарскиот преоден рок, па и по цена да не најдат замена.

Пред да почне да работи со својот нов клуб, Тен Хаг во мај изјади дека едвај чека да работи со Роналдо, но сепак не успеаа да создадат хемија.

Од јули до сега два пати имаше проблеми со него. Прво го опомена поради тоа што предвреме го напушти пријателскиот меч со Рајо Ваљекано, а потоа го суспендираше еден натпревар затоа што одби да влезе како замена против Тотенхем и се упати во соблекувална.

Помеѓу бројните експлозивни тврдења упатени против своите, Роналдо рече дека се чувствува предаден од Црвените Ѓаволи и дека не го почитува Тен Хаг.

Роналдо се соочува со мега парична казна поради интервјуто во кое удри против Манчестер Јунајтед

Не баш топол поздрав на Бруно Фернандеш со Роналдо

Роналдо за Руни и Гери Невил, отворено во емисија

15 ноември 2022 - 14:18