Тажната сторија за легендата на Рома

Во ера во која бил сакан еднакво како Тоти во нашето време, Агостино Де Бартоломеј важел за принцот на Рим - дете родено во „Вечниот град“ што неизмерно ја сака Рома. За жал завршува неславно, заборавен од многумина кои го воспевале.

Начинот на кој Рома и Ливерпул, можеби двата најромантични клубови во модерниот фудбал се пласираа во полуфиналето на Лига на шампиони, го воодушеви целиот свет но и ги врати сеќавањата на еден од потрагичните моменти во историјата на фудбалот.

Последен пат кога се сретннаа Рома и Ливерпул, клубови чии матични трибини важат за основоположници на италијанскиот, односно островскиот стил на навивање, „Црвените“ од Енфилд ја победија „Волчицата“ во финалето на Купот на европски шампиони и тоа среде Рим на „Олимпико“, на пенали во 1984-та.

Капитен на Рома на тој меч бил клупската легенда Агостино Ди Бартоломеи - фудбалер од средниот ред кој важел за генијален мајстор со топка. За жал, точно 10 години по загубеното финале на Купот на европски шампиони, Ди Бартоломеи се самоубил а веста за самоубиството го потресла европскиот фудбал.

Пред Даниеле Де Роси, Франческо Тоти и Џузепе Џанини, Агостино Ди Бартоломеи бил „bandiera“, симбол на Рома. Тој поминал дури 15 години во клубот. Одиграл 308 меча од кои на 148 бил капитен на тимот. Постигнал 67 голови и влегол во

Фамозниот „Аго“ бил лидер на еден од најдобрите средни редови во Европа во раните ’80-те заедно со Карло Анчелоти, Бруно Конти, Тонињо Череѕо и мајсторот Пауло Роберто Фалкао. Ди Бартоломеј ја водел екипата до второто исторско Скудето во 1983-та, второ за Рома после повеќе од 40 години од првата шампионска титула.

Освен што бил голем на теренот, Ди Бартоломеј важел и за омилен меѓу навивачите поради неговото римско потекло. Во неговите вени течела римска крв што според тифозите е многу важно да се биде капитен на клубот. Агостино израснал во една од посиромашните населби на Рим а дарбата за фудбал на 14 години го довела во неговиот омилен клуб Рома.

Откако станал младински шампион со „Волчицата“, четири години подоцна дебитирал за првиот тим на Рома и тоа против Интер на големиот Џакинто Факети. Висок и доминантен, Ди Бартоломеј имал одлична визија на теренот. Брзо станал незаменлив дел од првиот тим на Џалоросите.

Неговата улога режисер (regista) на теренот нешто како Пирло години подоцна е позиција која што ја прославил Џани Ривера. Во извештајот на скаутите на Ливерпул пред финалето во 1984 за Ди Бартоломеј пишувало: „Ја диктира играта од средината на теренот. Одличен дистрибутер на топки особено долгите топки се негова најдобра карактеристика“.

Ди Бартоломеј знаел да даде долга топка и преку 50 метри прецизно да погоди свој соиграч. Швеѓанецот Нилс Лидхолм кој му бил тренер во Рома на Агостино рекол: „Тој никогаш не трчаше по теренот без потреба. Неговите додавања беа долги и совршени. Тој секогаш се движеше со голема елегантност, со главата во вис“.

На средината од ’80-те улогата режисер на теренот почнала да исчезнува во Италија. Селекторот на „Аѕурите“ Енцо Беарцот повеќе ги ценел Марко Тардели и Габриеле Орали пред Ди Бартоломеј. Неверојатно, Аго никогаш во кариерата не бил викнат во репрезентацијата и тој е можеби најголемиот италијански фудбалер кој никогаш не заиграл за Италија.

Имал јак шут како топ. Постигнал еден куп голови од далечина а важел и за добар пеналџија. Најважниот негов пенал во кариерата бил оној во контраверзното полуфинале на Купот на Европски шампиони истата ’84-та против Данди Јунајтед. По поразот од 2-0 во Шкотска, пеналот на Ди Бартоломеј и помогнал на Рома да направи чудесен подвиг и да слави победа од 3-0 за пласман во финале (пеналот бил сомнителен а подоцна претседателот на Рома Дино Виола признал дека се обидел да го подмити судијата но безуспешно).

За време на големото финале против Ливерпул, во пенал серијата Ди Бартоломеј дал гол но Конти и Франческо Грацијани (на фотографијата подолу) промашиле откако се соочиле со лудиот Брус Гробелар на голот.

Поразот на свој терен тешко им паднал на сите играчи и навивачи на Рома. Ди Бартоломеј подоцна го опишал финалето против Ливерпул како „натпревар на неговиот живот“ и тешко некој да не се согласи со него. Рома играла пред своите ултраси, Агостино бил играч на натпреварот. Додека другите соиграчи се треселе од трема тој блескал.

Неверојатно но овој меч бил еден последните на Ди Бартоломеј во Рома зошто по доаѓањето на Свен-Горан Ериксон на клупата на „Волчицата“ (да, беше тренер и на Рома и на Лацио), Ди Бартоломеј добил одврзани раце да оди во Милан. Овој трансфер како да бил принуден а Ди Бартоломеј во интервјуата дадени по заминувањето од Рим раскажувал колку ја сака Рома и не му се одело на „Сан Сиро“.

Само еден месец подоцна постигнал победнички гол против својот роден клуб како играч на Милан.

Кога Ариго Саки првпат станал тренер на Милан во ерата на Берлускони во 1987, Ди Бартоломеј повторно се преселил на друго место пред да го напушти фудбалот во 1990 година. По неговото простување со фудбалот, Рома не му понудила ама баш ништо. После 15 години служба на саканиот клуб каде стана икона, Рома го напуштила својот најголем играч во историјата.

Како што е чест случај многу од фудбалерите да патат од депресија по крајот на играчката кариера, така и Ди Бартоломеј се изолирал од светот и тешко му одело да живее во свет надвор од фудбалот.

Паднал во финансиски маки поради многу промашени бизниси меѓу кои обидот да отвори фудбалска школа. Утрото на 30 мај 1994 година, Аго Ди Бартоломеј излегол на балконот од својата вила во Сан Марко ди Кастелбате и фатално си пукал себеси во срцето.

Датумот на самоубиството потресно се поклопувало со 10 годишнината од поразот на Рома од Ливерпул во финалето на Купот на европски шампиони. Проблемите со долговите веројатно му ја зголемиле апатијата и депресијата, па тој решил да си го одземе животот.

Многу негови пораншени пријатели и колеги дошле на погребот меѓу кои биле речиси сите фудбалери на Рома кои го играле финалето.

Бруно Конти еднаш рекол дека ќе дојде денот кога Рома ќе има шанса да му врати на Ливерпул за болниот пораз во нивниот град. 34 години подоцна дојде и тој момент, но секој треба да помисли и на човекот кој загуби најмногу после финалето: Агостино Ди Бартоломеј.

Via