Тати Кастељанос е прв играч по 76 години кој му даде 4 гола на Реал во Ла Лига

Лоша вечер за Реал Мадрид и во фудбал и во кошарка. Кралевите се соочија со понижување од Жирона која ги декласираше со 4:2. И тоа еден ист играч ги постигна сите голови за домаќините.

Јунакот на мечот против актуелниот европски првак се вика Тати Кастељанос. Се работи за 24 годишен Аргентинец и член на Њујорк Сити кој игра како позајмен во Жирона.

Интересно, Кастељанос му ги даде четирите гола на Реал на 25 април, а Роберт Левандовски ги постигна на 24 април 2013-та, во она незаборавно полуфинале од ЛШ.

Последниот играч кој успеал да направи ваков подвиг во шпанскиото првенство е Естебан Ечеравија и тоа во 1947-ма година.

Инаку напаѓачот на Жирона постигна само 7 гола после првите 28 меча, а само синоќа против Реал даде 4.

Шпанците извадија уште еден занимлив податок кој покажува дека Бернабеу и лежи на Жирона. На 6 гостувања во Ла Лига во Мадрид имаат 3 победи, 1 реми и 2 порази.

Доколку Барселона вечерва слави против Рајо Ваљекано на гости ќе им избега 14 бода на 7 кола до крај.

26 април 2023 - 08:58