Сусаета во април дава голови од корнер

Атлетик Билбао изгуби минатиот викенд од давеникот Депортиво Ла Коруња 2:3 во 32. коло од шпанското првенство. Вториот гол за домаќините го даде Маркел Сусаета - директно од корнер.

Последен пат такво нешто во шпанска примера се случи во април 2014-та. Тогаш на мечот против Севиља Маркел Сусаета исто од корнер го совлада голманот.

Сезонава Сусаета постигна 3 гола и имаше 3 асистенции на 30 меча. Атлетик Билбао е 13-ти во Ла Лига, а Депортиво е 18-ти и вечерва ќе брка бодови за спас од испаѓање против Севиља.

17 април 2018 - 11:35