Судија во Естонија свирна полувреме на сред изведен пенал

Минатиот викенд лидерот во фудбалската лига на Естонија, Левадија играл на гости кај Паиде. Со два гола на Грузиецот Закари Бегларашвили Левадија водела 0-2 а на крајот од првиот дел гостите дури и добиле пенал кој тргнал да го изведува шпицот Хенри Аниер.

Голманот го одбранил пеналот, а изведувачот тргнал на одбиената топка, ама судијата не го признал голот зошто тој претходно ги предупредил и голманот и изведувачот дека пеналот ќе биде последно дејствие во првото полувреме. Другите на стадионот и теренот не знаеле па не разбирале што се случува:

Во вториот дел Ание пак добил пенал, и овојпат го искористил за конечни 0-3.

Стручните коментари биле дека судијата не згрешил и поранешни судии тврдат дека оправдана е одлуката на фудбалскиот сојуз на Естонија да не презема акција по повод овој настан.

14 септември 2021 - 14:14