Сте можеле и телефонски да се јавите во Интер за Кеита

Фудбалската репрезентација на Сенегал ќе биде ослабена во квалификациите за Купот на Африка 2019, откако остана без еден од најважните напаѓачи, кој не е ни повреден ни суспендиран. Причините се банални.

Сенегал во сабота игра против Екваторијална Гвинеја во квалификациски меч за Купот на Африка 2019, но во состав ќе го нема напаѓачот Кеита Балде поради еден смешен и аматерски потег на нивната федерација.

Испратиле мејл до Интер со барање за повик, ама на стара адреса. Па добро барем искрени се и си го признаваа гафот.

„Испратиме мејл во Интер за да ги информираме за повиканиот играч, но сме им пишале на стариот мејл кој повеќе не го користат. Не знаевме дека го смениле. Во моментов играчот не може да дојде и да ни се придружи, а клубот не сака да направи компромис“, изјави потпретседателот на Фудбалската репрезентација на Сенегал.

Не дека местото на Сенегал виси во Купот на Африка, но сепак ѕвездата на Интер ќе им треба во напад. Тие заедно со Мадагаскар се веќе квалификувани на турнирот и само останува да се види кој ќе биде прв во групата од овие две селекции.

Во квалификациите остануваат уште две кола и среќа што Сенегал ги има во напад Садио Мане и Нијанг.

Како и да е, во ера на волку развиена технологија со интернети и смартфони, прво е резил да не знаеш дека клубот го сменил мејлот, а второ глупаво е да не реагираш по друга линија ако гледаш дека немаш повратен мејл од Интер.

Замислете мечов да беше клучен за пласман.

14 ноември 2018 - 12:18