Стариот џумбушлија Франк - во топ листа по број на дриблинзи, асистенции, брзина

Во последните 11 години наградата „Златна топка“ предизвикуваше бурни реакции. Супериорноста на Роналдо и Меси не беше баш секогаш така очигледна и се сведуваше на статистика и нивниот статус, а навивачите нудеа стотици други опции за играч на годината.

Можеби најмногу од сите наградата покрај Меси и Роналдо реално ја заслужија Иниеста и Снајдер во 2010-та, но изборот пак беше сложен.

Во овие 11 години, голема неправда се случи во 2013-та кога Франк Рибери по многу параметри беше најдобар играч на светот. Освои тројна круна со Баерн Минхен, цела сезона ги работеше најдобрите светски одбрани и важеше за играч број 1.

Но ФИФА тогаш го одложи гласањето во моментот кога Кристијано Роналдо постигна неколку голови за репрезентација и во 2013-та се случи скандалозен избор за најдобар играч на светот.

На Рибери, исто како и на Чави, Иниеста и Ибрахимовиќ, му се погоди да игра во ера на двајцата реално најдобри светски играчи. Но за разлика од нив, тој ја заслужи „Златната топка“ не само поради вкупните достигнувања како Иниеста и Чави, туку и поради очигледната супериорност на 30 години.

Денес брадата веќе му посиве, лузната му избледе и изгледа како подсетник на некој стар бандитски напад, но ако мислите дека Франк Рибери во Фиорентина исто е бледа сенка од некогашниот змеј - се лажете.

„Рибери е еден од најдобрите во Серија А. Неговата игра и натаму воодушевува. Физички веќе не е таков како пред десет години, особено на план на опоравок меѓу натпреварите, но со топка во нога уште прави разлика и го решава мечот“, вели Руи Кошта за Tuttosport.

Рибери веќе не е електрично крило кој дрибла еден куп противнички бекови, но неговиот нов интелектуален стил изгледа импресивно. Французинот се отвора меѓу линии, ја пробива противничката одбрана, асистира прекрасно.

„Рибери го упростува фудбалот. Секогаш знае каде и како да ве најде, му олеснува на напаѓачот и му подава така што соиграчот станува максимално опасен.

Не е можно често да се сретне ваков феномен. Фрак на секој треникг доаѓа прв, најмногу од сите трча и не отстапува ни сантиметар кога играме на два гола“, вели за Gazzetta dello Sport шпицот на Фиорентина Кристиан Куаме.

Франк Рибери во просек за 90 минути во Серија А сезонава 2020/2021 има: 0,7 асистенции за гол и по тоа е на 4 место во цела лига, 2,9 дриблинзи во просек - 9 во лига, пресек додавања (cut pass) - 0,4 - 1 во Серија А, пресинг 24,4 - 8 во Серија А. Фаулиран е во просек по 3,3 пати по натпревар и по овој параметар е 10-ти во Серија А.

Ова се податоци од Whoscored и Statsbomb.

Франк Рибери е еден од најбрзите играчи во Серија А. Минатата година развил брзина до 35,92 км/ч и влегол во топ-3 на Серија А (за споредба Кристијано Роналдо не влезе во топ-30 иако е две години помлад).

„Серија А е нешто посебно. Во Бундеслига се е просто, едноставно, треба да играш од старт до 90-та минута и не е важно кој е резултатот. Во Италија има повеќе стратегии, тактики, контрола на топка, сосема друг пристап. За мене тоа беше новост“.

Рибери на тренинг максимално се труди, а дома тренира со личен тренер. После пораз или слаб меч, тој неколку часа трча на велотренажер. Со борбеноста „ги заразил“ соиграчите. 

Пред 1 година камерите на Sky уловија интересен момент. На мечот со Наполи во кој Фиорентина пропушти десетина шанси и изгуби 3:4, Рибери остана на клупата. При еден прекин тој истрча до линијата да му каже на 20-годишниот Рикардо Сотил да отиде на негова позиција на теренот.

Рикардо се врати во игра и во следните пет минути заработи три фаули од кои Фиорентина изведе два опасни слободни удари, а го натера и Алан да го фаулира за жолт картон. Сотил за Corriere dello Sport признал дека Рибери бил инспирација за него и за сите други млади играчи. „Дури и со повредена ложа секогаш беше со нас. Да се тренира со него е голема чест“.

Рикардо Сотил пред да учи од менторот Рибери ниеднаш не заигра од почеток за Фиорентина, а денес е стандарден фудбалер на Каљари кај Ди Франческо.

Сличен е и примерот со Гаетано Кастровили. До минатата година тој играл само во Серија Б, но за неколку месеци работа со Рибери стигна дури до репрезентацијата на Италија и една од најкреативните осумки во земјата.

„Рибери е нешто неверојатно. Франк постојано ни објаснува како подобро да се позиционираме или како да го ориентираме телото за да имаме предност над противникот. Тој е мој прав учител“, изјави Кастровили кој минатиот викенд постигна 2 гола во триумфот над Удинезе (3:2).

Рибери и претходно им помагал на помладите, во Баерн му бил ментор на 16-годишниот Давид Алаба кој стана еден од најдобрите фудбалери на негова позиција на светот. Спортскиот директор на Фиорентина Праде рекол дека во иднина кога тогаш Рибери ќе биде нов тренер на екипата.