Снимка од убиството на фудбалскиот менаџер

По вчерашната вест за убиството на летонскиот менаџер, денеска се појави снимка од грдиот чин на кој се гледа како страда 41 годишниот Романс Безубовс, газда на менаџерска агенција.

На снимката во Рига се гледа како се пресретнуваат два џипа и во еден момент од едниот уште во движење почнуваат рафални истрели.

Жртвата е Романс Безубовс кој во Летонија важи за еден од најпознатите менаџери кои застапува многу летонски репрезентативци.

Инаку беше сопственик на агенцијата БР Спорт, а на повеќето играчи им овозможил трансфери во Русија и Полска. Најскапиот играч кој го имаме продадено е Виталијс Јагодинскис кој вреди 300.000 евра.

Мотивот за убиството за сега не е познат, а медиумите во Летонија пишуваат дека тој немал чисти сметки со одредени агенции со кои соработувал.

Безубовс е поранешен фудбалер кој играл во Летонија и во Албанија, а по пензионирањето во 2012-та влегов во менаџерски води.

15 април 2021 - 14:46