Скаутот расист избркан од Манчестер Јунајтед

Данецот Торбен Акјаер добил отказ на Олд Трафорд, откако Гардијан откри негови расистички и фашистички испади по друштвените мрежи, каде го навредува исламот и емигрантите од источна Европа. Акјаер бил член на данската радикална партија.

Во клупското соопштение на Јунајтед стои дека на Акјаер му е врачен отказ и дека неговото место скаут за Скандинавија ќе биде доделено на друг човек.

Торбен Акјаер неколку пати бил опоменат поради неговото однесување на социјалните мрежи, а чашата се преполнила кога пред неколку дена на некоја статија за џамија во Копенхаген искоментирал дека „се работи за уште една продавница за молитви и регрути“. Следувал уште еден коментар во кој данскиот скаут напишал дека Данска треба да ги затвори границите „за срањето и гнасите“ кои доаѓаат од источна Европа и се занимаваат со криминал и просјачење.

Акјаер е роден во Копенхаген, а во Манчестер Јунајтед работи од 2011. година кога дојде од Хамбургер. Редовно е во тренинг кампот на Јунајтед каде бил присутен на состаноците на сите клупски скаути. Во серијата расистички и навредливи коментари, Акјаер често ставал и анимации, како на пример фотографијата со неколку свињи под која пишувало „време е да го покажеме нашето тајно оружје против Исламистите“.

Испадите на Акјаер на социјалните мрежи

Откако Гардијан го контактирал, Торбен Акјаер ги демантирал наводите и изјавил дека зад некои од коментарите стојат луѓе кои не му мислат добро ниту нему, ниту на Манчестер Јунајтед, а му го хакирале профилот на фејсбук. Еден од последните постови на Акјаер бил поврзан со неодамнешните напади во Париз, кога скаутот искоментирал дека Франција мора да опстане во борбата против исламистите и сите дојденци од Романија и Бугарија, кои се отпадници на друштвото.

Англискиот клуб веќе немал слух за неговите расистички испади и решил да му врачи отказ.

„Клубот доби доказ од Гардијан и после опсежната истрага реши да го отпушти г. Акјаер. Манчестер Јунајтед е организација која не толерира и никогаш нема да толерира ваков начин на однесување. На негово место Манчестер Јунајтед ќе ангажира друг скаут“, стои во соопштението потпишано од Ед Вудвард, шефот на скаутинг службата на Олд Трафорд.

Акјаер често патувал и со првиот тим на гостувањата, па на неговиот профил има слики со Немања Видиќ, Робин Ван Перси, Рајан Гигс и Пол Сколс.

Меѓу другите испади, Акјаер е обвинет и за навредливи коментари за Каролина Вознијаки, данската тенисерка со полско потекло. За неа општо познато е дека е другарка со Серена Вилијамс, а под една вест за нивното заедничко излегување, Акјаер прокоментирал: „Не случајно е од Полска“.

Акјаер бил член на данската десничарка партија Фолкепарти, која во последно време ги подржува француските десничари во нивната политика за бркање на сите емигранти од земјата.

15 јануари 2015 - 13:01