Скандалозен однос на Манчини за време на прославата на Рома

По последниот судиски свиреж на финалето во Тирана, веројатно ја забележавте чудната реакција на Џанлука Манчини кој од необјасниви причини се изнервира и го удри Брајан Кристанте. Се појави второ видео на кое е уште повеќе насилен и тоа повторно со свој соиграч.

26 годишниот Манчини кој беше стартер против Македонија е инаку заменик капитен на Рома, а ова беше моментот кога после кусо гушкање го удри Кристанте, кој веднаш се повлече.

Второто видео и не е баш така наивно и предизвика многу реакции на социјалните мрежи. Му влезе со бокс на 19 годишниот Феликс Афена-Гијан од Гана.

Чудно и несфатливо. Сигурно го зашлапал после ова качување на ушка.

Не би да сугерираме нешто, ама Жозе треба да си види со дечково.

26 мај 2022 - 09:54