Скандалозен крај на Местаља, Белингем даде гол, судијата свирна крај

Валенсија и Реал Мадрид одиграа натпревар со ретко виден финиш во фудбалот. При резултат 2:2, во 99 минута, гостите преку Белингем постигнаа гол за победа, но судијата го поништи со образложение дека е крај на мечот.

Валенсија имаше водство од 2:0 против лидерот на табелата, но Винисиус со голови во 45-та и 76-та го врати Реал во игра за 3 бода.

Во моментите додека истекуваше 99 минута од средбата, Брахим Дијаз го пронајде Белингем во шеснаесетник и кога англискиот напаѓач постигна гол со глава за победа, судијата Манцано свирна крај.

Фудбалерите на Реал Мадрид жестоко реагираа на чудната судиска одлука, а Белингем дури доби и црвен картон.

Реал има 66 бода и на +7 пред Жирона која денеска и гостува на Мајорка.

3 март 2024 - 08:01