Што сè се случуваше во хаосот меѓу Виган и Сити

Највредниот фудбалски состав на светот кој по 27 кола има само еден пораз во Премиер лигата, беше шокиран од третолигаш во ценетиот ФА Куп. На дисциплинската комисија во федерацијата им се отвори многу работа.

Манчестер Сити за кој пред шест дена излезе информација дека го има најскапиот тим во историјата на фудбалот во вредност од 878 милиони евра, останува без еден можен трофеј помалку.

Тоа задоволство им го скрати членот на Лига 1, Виган кој со голот на Вил Григ во 79-та минута ги исфрли Граѓаните од ФА Купот, најстарото и доста престижно фудбалско натпреварување.

Делф во финишот од првиот дел доби црвен картон.

По сензационалната елиминација на тимот кој скоро и да ја има заверено титулата во Премиер лига, навивачите влетаа на терен.

Но од мешаницата произлезе и инцидент меѓу Агуеро и навивач на домашниот тим по кој за напаѓачот на Сити веројатно ќе следува казна.

Од другиот агол се гледа дека Агуеро прв напаѓа

Незадоволните гостински навивачи фрлаа со предмети накај полицијата

Дополнителни кошкања имаше и меѓу Гвардиола и тренерот на Виган

И покрај тоа што статистиката беше целосно во корист на премиерлигашот

Сепак победи Виган со кој Сити има лоша традиција во куповите.

20 февруари 2018 - 10:02