Шпанската полиција известена за судискиот грабеж во Елче

Откако Реал Мадрид победи со контроверзен пенал во 96-та минута на гостувањето кај Елче, шпанската полиција добила стотици пораки за судиски грабеж.

Новиот шпански прволигаш Елче за малку ќе извлечеш поен од натпреварот со гигантот Реал Мадрид, но во тоа беа спречени со една контроверзна одлука на главниот судија.

По четири минути игра од трите дополнителни колку што покажа судијата, Пепе падна во шеснаесетникот, а делителот на правда покажа на белата точка по што Роналдо го постигна победничкиот погодок во 96-та минута.

Веднаш по натпреварот, корисниците на Твитер решија да ја пријавата „кражбата" во полиција, а шпанските власти интервенираа со твит: „Примивме преку 120 пораки за фудбал во последните десет минути. Запаметете, ние ви помагаме за БЕЗБЕДНОСТА... :-)".

26 септември 2013 - 10:25