Шмајхел ги истрола Англичаните за "It's coming home".

Нивната славна фраза ја верглаа на Мундијалот 2018-та ама зарибаа во полуфинале против Хрватска. Сега повторно стигнаа до топ 4 и сонуваат трофеј половина век, што е премногу за земја од каде потекнува фудбалот. Каспер им го спушти.

Голманот на Данска има долг стаж во англискиот фудбал и веќе 10 години е член на Лестер. Но кога е репрезентативен фудбал во прашање, други се чувствата и нема тука милост кон клубот, лигата или нaвивачите.

Каспер Шмајхел имаше интересен разговор со новинар кој го праша за омилената фраза на англиските навивачи, а овој го потсети дека никогаш во историјата немаат освоено Европско првенство.

Новинар: Овие денови на сите страни може да се слушне порака од навивачите на Англија: "It's coming home". Колку тоа ви значи вас за да го спречите?

Шмајхел: Дали некогаш бил овој трофеј кај вас дома? Не знам дали некогаш сте биле прваци?

Новинар: Да, во 1996-та.

Шмајхел: Да, но тоа било Светско првенство.

Потоа продолжи:

„Не размислувам на Англија, повеќе сум фокусиран на победа на Данска и колку тоа би значело на нашата земја од 5,5 милиони жители. Не ме интересира како се чувствуваат Англичаните“.

7 јули 2021 - 13:41