Се разделија Фернандо Алонсо и Ферари

Веста што некое време се чекаше, конечно е официјална, на местото на Шпанецот од следната година болидот на Ферари ќе го вози Себастијан Фетел. Алонсо сега пред потпис со тимот на Мекларен.

Скудерија Ферари и официјално соопшти дека по крајот на сезоната, Шпанецот Фернандо Алонсо ќе замине од тимот. Двократниот светски шампион, Алонсо за Ферари возеше 5 години, а во 2010, 2012 и 2013-та година завршуваше како втор, зад Фетел од Ред Бул кој ќе го замени Шпанецот и ќе вози заедно со Кими Раиконен. Алонсо во Мекларен ќе го замени Џејсон Батон.

„Официјално: По 5 години, 1.186 поени, 44 подиуми и 11 победи се разделуваме од Фернандо Алонсо. Благодарност до Алонсо“, напишаа на Твитер профилот на Ферари.

Четирикратниот светски шампион, Себастијан Фетел потпиша 3-годишен договор со италијанскиот тим. Фетел (27) ја почна Ф1 кариерата во 2007. година како тест возач за БМВ Заубер, а своето деби го имаше на трката за ГН на САД кога настапи место повредениот Роберт Кубица.

Веќе следната година, Фетел преминува во Скудерија Торо Росо, а прв пат победи во Монца. Во 2009. година потпиша со Ред Бул и сезоната ја завршува како најмлад второпласиран возач во историјата на Ф1.

Во 2010. година, Себастијан Фетел станува најмладиот пилот кој го освоил шампионатот со 23 години. Досега во кариерата има 36 победи и 43 пол позиции. Светски првак стана во 2011, 2012, 2013 и 2014-та година.

20 ноември 2014 - 11:49