Сè е по старо, свирежи на Филип Втори

По еуфоричните 4:1 против Црна Гора, селекцијата на Либан ги спушти нашите репрезентативци на земја кои се посрамотија со арапската земја, која претходно немаше триумф против европска селекција 20 години.

Офанзивниот пристап против Црна Гора со новиот селектор Игор Ангеловски ветуваше уште еден триумф на вториот пријателски дуел во последните пет дена. Ние сме 139-та земја во светот, место кое многумина изјавија дека не го заслужуваме, а Либан го пречекавме како 140-та фудбалска земја во светот.

Нашите репрезентативци веднаш нападнаа на стартот од мечот и беа опасни веќе по 5 минути игра преку Ванче Шиков кој по изведениот корнер биеше покрај голот. Истиот играч се закани од идентична позиција, но биеше многу понепрецизно.

Македонија се обиде со бавна и трпелива игра да го загрози голот на гостите, но недостасуваше поагресивна и поконкретна игра во нападот.

Либан се реши за дефанзивна тактика, а Македонија никако не успеваше да пробие. Освен двата обида од прекин немаше ниту една друга шанса за гол. За одбележување е полуконтрата на Велковски кој одлично го пронајде Трајковски во шеснаесетникот кој се сплетка пред голот.

Во вториот дел следуваше шок за нашата репрезентација која делуваше конфузно во одбраната и по еден кикс на Столе Димитриевски, Либан поведе со 1:0 преку Оумона во 47 минута.

Тоа само ги искомпликува работите за нашите фудбалери кои потоа мораа да тргнат порешително во напад. Но играта беше под нивото, недостасуваше креација и прецизни додавања. Македонија беше во очај и се закануваше јалово со непрецизни центар шутеви и од прекини.

Во последните 6 минути судиско продолжение, Либанците пропуштија чиста шанса за да нè бетонираат, а потоа на спротивната страна Чамси Фајез и Шиков во истата акција имаа шанса за 1:1.

Со овој пораз Македонија целосно го расипа впечатокот од прикажаното против Црна Гора, а доколку денеска триумфираше, со две победи во низа ќе скокнеше 14 места на ранг листата на ФИФА.

17 ноември 2015 - 15:07