Само Н`Голо Канте може да направи ваков потег

Ова ќе биде недела на репрезентативен фудбал, како и совршена шанса за Канте да се поправи за една грешка што ја направил лани. Ама пак ќе повториме, само он може вака.

Во пресрет на новиот квалификациски циклус за ЕП 2020, Франција има два натпревари. На 22 март против Молдавија и на 25-ти со Исланд.

Дидие Дешамп го свика собирот на играчите за понеделник во 12:30 на пладне, а еден играч со појавил порано, ама многу порано.

Се работи за Н`Голо Канте кој во базата на светскиот првак Франција пристигнал со петлите во 6:30 наутро.

Пазете ова, Канте имаше натпревар со Челси во неделата кој заврши во 18:30 и 12 часа подоцна веќе се исправил на репрезентативниот собир. Какво човече.

Ова негово подранување се должи веројатно на тоа што лани задоцни и се правдаше дека му избегал возот. Потоа му се извини на селекторот Дешамп и му вети дека нема да се повтори.

И сега ете го шест часа порано. Кој знае колку спринтови истрчал за тоа време додека да дојдат другиве.

19 март 2019 - 09:27