Само Меси знае вака да изработи голман

Првата сезона во ПСЖ беше во подредена улога и со за него скромни 11 голови во цела сезона на сите натпреварувања. Сега има 14 до полусезона и игра шампионски.

ПСЖ го совлада Монпеље на гости 1:3, со головите на Фабијан Руиз, Лео Меси и Заир-Емери, после промашен пенал на Мбапе и два поништени голови со ВАР.

Она што мора да се издвои од средбата е мајсторлукот на Меси, кој само тој умее вака лукаво да го измами голманот, кој се чинеше дека му ги затвори сите агли.

Светскиот шампион игра во топ форма и веќе до полусезона има 14 голови и 14 асистенции. 

Со овој погодок стана прв стрелец во топ 5 европските лиги со 697 голови и со тоа му избега на Роналдо.

Инаку Мбапе го напушти теренот во 21 минута, а „Л'Екип“, пишува дека се работи за повреда на коленото поради која ќе го пропушти четвртфиналниот дуел со Баерн Минхен на 14 февруари, а постои опасност да не се опорави ниту за реваншот. 

2 февруари 2023 - 10:30