Роналдо за малку немало да постои

Мајката на најдобриот играч во светот за 2013 година изјави дека не планирала да го раѓа.

Гордата мајка Долорес Авеиро во нејзината нова книга „Mother Courage“ призна дека сакала да абортира додека била бремена со Кристијано Роналдо, но докторот не ја поддржал во одлуката.

Авеиро и покрај лекарските препораки, почнала интензивно да тренира и да пие топли течности за да и успее абортирањето со една од сегашните најголеми спортски ѕвезди на планетата.

За нејзината поранешна тајна Роналдо бил известен.

„Види мамо, ти си сакала да абортираш, а сега јас сум тој кој ги држи конците дома“, изјавил Португалецот.

Доколку Авеиро не го родеше, оваа богата страница немаше да постои, а за најдобар фудбалер во светот за 2013 година сигурно ќе беше прогласен Меси.

18 јули 2014 - 14:19