Роналдињо прослави роденден во затвор, му спремиле и торта

Бразилскиот ас доживеа да пристигне во Асунсион, главниот град на Парагвај и таму поради фалсификувани документи да го стрпаат во притвор. Ама жив човек на сè се навикнува, па така и Рони.

Роналдињо наполни 40 години. Бразилецот постепено се привикнал на маката која го снајде, пред неколку дена играше фудбал во дворот од затворот во Асунсион, неговата екипа затвореници победила 11:2 а Рони постигнал 5 гола и наместил 6.

Сега дојде и денот на неговиот роденден кој го прослави во притворската единица. Му го заблажиле со торта и со месо на скара - чураскари (традиционална латиноамериканска и португалска скара). Јужно-американските медиуми пренесуваат дека Роналдињо имал привилегии со брат му, биле во посебни соби со климатизер и имале телевизор.

Инаку глобалната пандемија со коронавирусот влијае и на Роналдињо: тој со брат му сакал да дадат кауција за да ги пуштат во домашен притвор но сведокот (жената која им подарила фалсификувани пасоши) не може да се појави на суд поради епидемијата - таа била дијабетичар и се наоѓа во ризичната категорија.

Многу поранешни соиграчи и пријатели на Роналдињо лично не можеле да му честитаат роденден, затоа му посакале среќа на социјалните мрежи. Меѓу нив и феноменот Роналдо:

„Поздрав брате! Издржи ги сите тешкотии со насмевка на лице - како секогаш!“

На крајот од краиштата, карантин со скара, торта и партија фудбал и не е така лошо.

За натпреварот на Роналдињо во затвор. 

23 март 2020 - 09:15