Романскиот голман канибал

Луис Суарез сигурно му е идол на голманот на романскиот клуб Петроулул, Мирчеа Морнеску. На натпреварот против Газ Метан тој го гризна противничкиот фудбалер по што настана општ хаос на теренот.

Заради долгиот прекин, натпреварот имаше и долго судиско продолжение, па домаќините израмнија со гол во 105-та минута. Петролул го заврши натпреварот со 9, а Газ Метан со 8 фудбалери.

30 мај 2013 - 09:14