Ристовски: Македонско сонце го огреа светскиот фудбал, ние сме шампиони на срцата

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација им се заблагодари на навивачите за поддршката и испрати порака дека треба да и се верува на оваа селекција. Под постот му се обрати и Бруно со кој останаа другари од Спортинг.

„Драги наши навивачи,

Од срце сакам да ви се заблагодарам за моментите кои ги доживеавме.

Ова беше неверојатно искуство за сите нас. Покажавме храброст и заедништво.

Сплотени дојдовме на чекор до остварување на сонот на многу генерации. Горд сум на тимот. Заедно славиме, заедно тагуваме.

Верувам дека во иднина ова искуство ќе ни донесе нов пласман на големо натпреварување.

Македонско сонце го огреа светскиот фудбал. Ние сме шампиони на срцата, а некогаш тоа е поважно од сѐ.

Нестрпливи до следниот предизвик. Верувајте во оваа Македонија.

Напред Македонија,
Рики

Бруно Фернандеш: Ти посакувам сè најдобро, ти си пример за сите во твојата земја.

31 март 2022 - 12:28