Реал му даде 6 на Елче, 5 од прекрасни акции, ама 3 му поништија

Актуелниот шампион на Шпанија продолжува со топ формата и со триумфот над Елче на гости 0:3, и бега +6 на Барса која вечерва го пречекува Виљареал. Кралевите везеа и створија преубави акции за головите од кои 3 им беа поништени со ВАР поради офсајд. Златната топка даде 3 од кои само еден му беше признат.

Возбудувањата почнаа по само 6 минути кога ВАР им ја спречи радоста после комбинацијата Винисиус - Бензема, на која претходеше фанстастично проигрување на Модриќ и Родриго.

Само 5 минути подоцна, резултатот го отвори Валверде кој веќе стана препознатлив со голчишта од далеку.

26 минута, нова убава акција во која главен беше Алаба кој не успеа да се израдува поради офсајд.

60 минута, акција во три потези. Крос - Карвахал - Бензема. И повторно офсајд. По трет пат.

Родриго и Бензема во 75-та минута покажаа дека Реал е во транс. Гол, овој пат регуларен за 0:2.

Шлагот на тортата го стави Асенсио во последните мигови од мечот.

20 октомври 2022 - 10:28