Реал Мадрид прв пат без свое дете во тимот после 50 години

Рафаел Бенитез ќе остане запаметен како првиот тренер на Реал Мадрид кој одбрал состав за првенствен меч без ниту еден играч од академијата на Кралевите.

После 50 години и 2.688 натпревари, Реал Мадрид за прв пат во привте 11 имаше само еден Шпанец и тоа капитенот Серхио Рамос. Надвор од повиканите беа Арбелоа, Начо, Лукас Васкез и Черишев. На клупата останаа Карвахал, Иско, Хесе и Кико Кастиља, но ниту еден од нив не влезе во игра.
 
Во победата на Реал Мадрид од 5:0 против Бетис настапија: Кејлор Навас, Данило, Варан, Серхио Рамос, Марсело, Крос, Модриќ, Хамес Родригез, Бејл, Кристијано Роналдо и Бензема. Во случај Реал да се засили со Де Хеа од Манчестер Јунајтед, во составот ќе има уште еден Шпанец повеќе, иако Бенитез од стартот на сезоната има малку доверба во децата на Меренгес, Иско и Карвахал.
 
Од друга страна, Барселона и натаму се држи до традицијата во составот да играат фудбалерите кои се носители на играта а потекнуваат од Ла Масија, така што на мечот против Малага (1:0) во составот на Луис Енрике беа Жорди Алба, Серхи Роберто, Бускетц, Иниеста, Меси, Сандро и Рафиња.
 
Во летниот преоден рок, Реал Мадрид се засили со Хрватот Матео Ковачиќ од Интер, Бразилецот Данило од Порто и веројатно Де Хеа кој пред завршувањето на преодниот рок треба да потпише со Кралевите.
 
Головите и хајлајтс од мечот Реал Мадрид - Бетис: