На Бенитез не му е првпат

Реал Мадрид поради глупост ќе биде исфрлен од Кралскиот Куп

Поради административен привид на вчерашниот меч против Кадиз во Купот, Кралевите најверојатно ќе бидат исфрлени од ова натпреварување затоа што играше Русинот Черишев кој немал право на настап.

И покрај тоа што лесно со 1-3 славеа против Кадиз, фудбалерите на Реал Мадрид веројатно нема да ја играат следнта фаза. Тренерот Рафа Бенитез се одлучи да ги одмори главните ѕвезди, при што шанса им даде на оние кои помалку играат.
 
Меѓутоа Бенитез не бил информиран од администрацијата на клубот дека Русинот Денис Черишев немал право на настап. Напаѓачот лани играше во Виљареал како позајмен играч и на дуелот од Копа дел Реј против Барселона (1-3) го добил третиот жолт картон по ред во ова натпреварување, по што автоматски казната му се префрла за следната натпреварувачка сезона. Првиот жолт Черишев го добил на 14 јануари против Реал Сосиедад, вториот на 29 јануари против Хетафе и третиот на 4 март против Барселона.
 
Да биде малерот поголем, Черишев беше најдобар на теренот, даде еден и намести уште еден гол во убедливиот триумф на Мадрид. Шпанските медиуми пренесуваат дека не бил само Черишев суспендиран за овој меч, туку и младиот Борха Мајорал кој седеше на клупата а немал право на тоа поради тоа што лани добил црвен картон во финалето на младинскиот Копа дел Реј.
 
Неверојатниот привид несвојствен ниту за локални, аматерски екипи би можел да го чини Реал исфрлање од Купот само ако оштетениот Кадиз се реши да се жали денес до 14 часот. Веднаш штом му јавиле за привидот, Бенитез го изнесе Черишев од игра по само 40 секунди игра во вториот дел и го стави Матео Ковачиќ, но веќе беше доцна. Грешката не можеше да се исправи. Останатите други два гола за Реал ги даде Иско во 65. и 74. минуга, а Кадиз намали преку Маркез на две минути пред крајот. 
 

Инаку и Осасуна сезонава беше исфрлена од Кралскиот куп уште во раната фаза во септември, затоа што на мечот против Мирандес настапи Унаи Гарсија кој немал право да игра. Баскијците поради тоа беа суспендирани од понатамошно учество во Копа дел Реј.

На Бенитез не му е првпат да направи ваква глупост

Насловните страни утрово

Насловните страни утрово

Голот и замената на Черишев:

Головите од мечот Кадиз - Реал Мадрид 1-3: